Во Тетово марш посветен на жртвите од пожарот во болницата

by fokus

Навивачката група “Балисти“ на социјалните мрежи најавија дека денеска во 13:30 часот од плоштадот Илирија ќе се организира марш во чест на жртвите кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.

На објавата навивачката група апелира да се почитуваат ковид-протоколите и маршот кој ќе заврши пред болницата во Тетово, да биде мирен.

Во пожарот што избувна на 8 септември изгореа 14 пациенти болни од ковид, а почина уште една пациентка која пред да настане пожарот била реанимирана. По трагедијата оставки поднесоа директорите на тетовската болница, а своја оставка понуди и министерот за здравство, Венко Филипче.

Поврзани новости