Во Тетово гори магацин за складирање – повредени нема

by fokus

Нема повредени во пожарот што избувна утрово во Тетово во поранешниот индустриски објект „Македонија табак“, потврдуваат од СВР Тетово за Фокус.

Според официјалните инфорамции од тетовската полиција, пожарот избувнал утрово во 9.30 часот во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика којашто е лоцирана помеѓу улиците „Борис Кидрич“ и „Маршал Тито“ во Тетово.

-Екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот. Служби на СВР Тетово веќе се испратени на местото на пожарот и ги преземаат сите неопходни мерки. СВР тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот, велат од СВР Тетово.

Поврзани новости