Поради драстично зголемување на бројки на новозаразени со КОВИД-19 во Здравствен дом Тетово се зголемува интересот на граѓаните за примање на дополнителните бустер дози од вакцината против КОВИД-19.
–Најмногу е заинтересираноста за четврта доза која почнавме да ја аплицираме пред три недели, но има и граѓани кои аплицираат и трета доза. Се уште немаме евиденција за трета или четврта доза но вкупно на ден има од 30 до 40 и најмногу до 50 апликациии на бустер дози. Прва и втора доза нема веќе, затоа што поголем дел од граѓаните примија прва и втора доза и нашиот процент е скоро 60 проценти на ниво на Тетово со околните општини, информира Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом Тетово.
Според него, потребно е да се вакцинираат граѓаните бидејќи дејството на двете дози дејството им е ограничено на околу девет месеци.
Според информациите од Клиничка болница Тетово, денеска во Инфективното одделение има еден хоспитализиран заболен со КОВИД-19. На дневна основа има околу 40-тина прегледи на луѓе со симптоми, а од нив околу 60 проценти се дијагностицираат како болни од коронавирусот.