Во Тетово двајца малолетници приведени поради прекршување на полицискиот час

by fokus

Двајца малолетници се меѓу луѓето кои тетовската полиција ги откри дека не го почитуваат полицискиот час по што се приведени во полициска станица. Покрај нив, откриени се уште 13 други лица за време на полицискиот час.

– Во периодот од 7 часот вчера до утрово во 7 часот откриени се вкупно 15 лица, од кои двајца малолетници како се движат во термините во кои е определно ограничено движење. Единаесет од нив ќе добијат соодветени поднесоци, а четворица добија опомени. Лицата се најдени на повеќе локации, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Досега во тетовско се откриени 46 лица кои излегле за време на ограничувањето на движењето.

Тетовската полиција во изминатото деноноќие откри и четири угостителски објекти на повеќе места низ тетовскиот регион кои работеле. Локалите се затворени, а за двајца од сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави.

Поврзани новости