116
Двајцата повредени во вчерашното пукање пред тетовската болница се наоѓаат на КАРИЛ. Едниот е во тешка здравствена состојба, соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција.
Тој рече дека пукањето се случило поради нерасчистени проблеми меѓу две групи, кои случајно се нашле пред болницата и дека тоа нема никаква поврзаност со болницата.
„Двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во полесна, другиот во потешка состојба. Тие се префрлени на КАРИЛ, а другото ќе го расчисти МВР“, вели Меџити.