Во тензична атмосфера, скопските советници изгласаа зголемување на цената на приватните превозници

by Фокус

Без никаква пресметка и анализа, Советот на Град Скопје изгласа зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници за 30 денари. Претседателот на Советот, Трајко Славески посочи дека оваа цена ќе се применува до мај, односно кога истекуваат договорите на приватниците.

Заклучокот беше донесен во крајно тензична атмосфера, додека советниците од СДСМ бараа пауза за да се среди заклучокот. Откако Славески не им дозволи, тие почнаа да излегуваат од салата за да нема кворум.

За да се зголеми цената потребно е да се направи ребаланс на буџетот на Град Скопје, што, според советниците на СДСМ, сега е законски невозможно.

Претходно, и градоначалничката Данела Арсовска рече дека одлука за зголемување на цената не се носи наеднаш, туку се потребни пресметки и анализи.

Цената од 100 денари по изминат километар ја договорија приватните превозници и советниците на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната средба.

Приватниците рекоа дека се задоволни и се откажаа од блокади. Но, во меѓувреме ЈСП остана со блокирана сметка.

Поврзани новости