Во Тексас загина аеродромски работник бил вовлечен во моторот на авион

by Fokus

Аеродромски работник за поддршка на авионите од земја загина на меѓународниот аеродром во Сан Антонио откако во петокот бил „проголтан“ во моторот на авионот,  соопшти Националниот одбор за безбедност на транспортот ( НТСБ) на САД.

„Летот 1111 на Делта пристигна во Сан Антонио од Лос Анџелес и се движеше до капијата со еден мотор „кога работник беше внесен во тој мотор околу 22:25 часот“, изјавија за С–Ен-Ен од Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Одборот за безбедност продолжува да собира информации за тоа што се случило, се вели во соопштението.

„Несреќа се случи на теренот на меѓународниот аеродром Сан Антонио (САТ) во петокот вечерта, што резултираше со смрт на член на копнениот екипаж на авиокомпанијата“, рече портпаролот на аеродромот Ерин Родригез.

Од аеродромот Сан Антонио Интернешнл соопштија дека соработуваат со властите на истрагата.

„Длабоко сме тажни поради овој инцидент и работиме со властите додека ја започнуваат нивната истрага. Ќе споделиме повеќе детали кога ќе станат достапни“ соопштија од аеродромот.

Од авиокомпанијата „Делта ер лајнс“ соопштија дека тагуваат за загубата на работникот и дека даваат целосна поддршка на семејството.

Сличен случај во кој загина аеродромски работник се случи за време на новогодишната ноќ во несреќа на
регионалниот аеродром Монтгомери во Алабама, кој исто така бил внесен во моторот на авионот.

 

Поврзани новости