Во Тексас момче уби вработен во ресторан за брза храна 

by Fokus

Дванаесетгодишно момче е уапсено под сомнение дека убило вработен во ресторан за брза храна во Тексас.

Метју Дејвис (32) е убиен во саботата кога се степал со Ендрју Гомез (20) на паркингот на ресторан во градот Кин, на околу 40 милји југозападно од Далас.

Момчето било во ресторанот со Гомез, кој го предизвикал инцидентот на паркингот, пренесе АП.

За време на инцидентот, момчето отишло до автомобилот на Гомез, извадило автоматска пушка и неколкупати го застрела Дејвис, се вели во соопштението на полицијата.

Дејвис бил итно пренесен во болница каде што била констатирана смрт, додаде полицијата.

Момчето користело автоматска пушка за време на пукањето, изјави началникот на локалната полиција Џејмс Кид за „Dallas Morning News“.

Гомез и момчето побегнале од местото на трагедијата, но Гомез подоцна се вратил и бил уапсен за убиство, додека момчето, чие име не е објавено, било пронајдено во блискиот град Рио Виста.

Поврзани новости