Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на лидерската средба му кажал на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во текот на април во државата се очекува да пристигнат околу 350 илјади вакцини со што би започнал процесот на масовна имунизација на населението, а потоа сукцесивно и во мај што би значело некаде два милиони дози, што е доволно за повеќе од еден милион граѓани коишто би се вакцинирале во периодот којшто следува.
-Поврзано со ова се согласивме дека откако процесот на имунизација на населението и попишувачите, што е многу важно, ќе се случи пописот и затоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април како што е предвидено да се одложи за месец септември, рече Мицкоски.
Мицкоски кажа дека главниот нивен мотив на оваа средба било да спасат што е можно повеќе човечки животи во пандемијата со Ковид-19.
Истите бројки за вакцините кои треба да пристигнат ги кажа и премиерот, Заев.