Во тек е Централниот одбор на СДСМ

by fokus

Кој ќе биде дел од новата влада, кому ќе му бидат доверени клучните позиции и како ќе се распределат ресорите, СДСМ официјално ќе објав по вечерашната седница на Централниот одбор (ЦО) која е во тек, а се одржува во скопскиот хотел „Холидеј Ин“.

„Фокус“ неофицијално веќе ги објави новите министри. Можете да ги прочитате на овој линк.

ДУИ веќе излезе со информации за своите кадри. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, Фатмир Бесими ќе раководи со ресорот финансии, Крешник Бектеши останува прв човек на економија, а министер за животна средина ќе биде Насер Нуредини. Ова го соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети по состанокот на Централниот совет на партијата што се одржа попладнево во Тетово.

Останува, како што изјави Ахмети, со коалициските партнери да се договорат уште за министер во Министертвото за информатичко општество, а утре ќе биде избран претседателот на Собранието,  Талат Џафери.

Поврзани новости