Од 12 часот заседава Советот за безбедност во Вила Водно. На покана на претседателот Стево Пендаровски, на седницата, присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
На состанокот се разговара за актуелната состојба со пандемијата со Ковид19 и ги разгледуваат можните опции за справување со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот.
До седницата доѓа откако континуирано и со денови бројот на новозаразени и починати е висок, а здравствениот систем, како што кажа неколкупати и министерот Филипче, е под постојан притисок.
Двете опции кои најчесто се споменуваат како можни за намалување на бројот на новозаразени се прогласување кризна состојба и воведување полициски час, од попладневите до утринските часови. Третата можност е Советот да нема никаква препорака и да остане ситуацијата со справување иста- задолжително носење маски секаде, забраната за групирања, забрана за работа на економските оператори по 21 часот и препорака за сите што може да работат од дома да го прават тоа.