Во тек е постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк, велат од МОН

by Fokus

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН).

Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.

-Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември, најавуваат од МОН.

На повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации.

Поврзани новости