87
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, во месец мај 2024 година ја започна кампањата „Носи кацига“.
Оваа кампања се реализира со делење на едукативно-рекламен материјал и едукативно-превентивни активности во повеќе градови.
Кампањата „Носи кацига“ е пред сѐ насочена кон лицата кои управуваат мотоцикл, велосипед и тротинет, и нивното одговорно и безбедно учество во сообраќајот со цел подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема (во прв ред заштитен шлем) и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата.