Актуелната пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, вели дека во тек е процедура на избирање на двајца технички експерти кои ќе ѝ бидат на располагање на една од собраниските комисии задолжени за увид во работата на безбедносните служби и системот на следење на комуникациите. Од сегашниот собраниски состав досега не е направен ниту еден надзор, но, како што вели Петровска, комисијата започнала со работа.
-Една од собраниските комисиите надлежни за надзор во којашто сум член започна со работа. Но, очекуваме во текот на месец март да бидат избрани двајцата технички експерти, бидејќи ова е една од новините во Законот за следење на комуникациите. Беше детектирано како недостаток, дека пратениците не можеме да бидеме сигурни дека имаат доволни познавања или стручна експертиза од областа – рече Петровска.
Според неа, следењето на комуникациите не се само законите, туку потребно е стручно техничко познавање на опремата.