Вчера на страницата за донации ,,Go fun me’’ е започната акција за собирање на финансиски средства за помош на велешанецот Горан Ангелов – Ќосето и неговото семејство.
Ангелов, кој е претседател на здружението ,,Андон Јанев – Ќосето’’ беше уапсен со уште триесеттина други лица лани кон крајот на ноември, во полициска акција поради учество во крвавиот четврток.
-На 29 – ти ноември 2017 година, Горан, саканиот татко, сопруг, брат и пријател беше нелегално притворен во Македонија, за ништо повеќе, туку поради љубовта кон татковината. Ве молиме помогнете му на Горан со тоа што ќе донирате, за да се обезбеди финансиска помош за неговата сопруга и деца. Сите донации ќе бидат предадени директно на фамилијата – наведено е во апелот.
Покрај другото, објавено е дека целта на акцијата е да се соберат 10.000 долари. До денес биле собрани над 400 долари.