Во Тајван регистриран нов земјотрес со јачина од 5,6 степени

by fokus

Нов земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил два километри под површината на земјата.

Тајван се справува со афтершокови по двата силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот беше вчера.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди ретко населениот југоисточен дел на Тајван и доведе до уривање на најмалку една зграда, додека две лица останаа заробени. Земјотресот предизвика и излетување на воз од шините и уривање на продавница.

Исто така, Тајванската метеоролошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во округот Таитунг и дека се случил по земјотресот со јачина од 6,4 степени во истата област во саботата вечерта, но дека нема жртви.

Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот издаде предупредување за Тајван по земјотресот, но подоцна го повлече предупредувањето.

Поврзани новости