386
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18.15 часот во полициската станица во Тетово, е пријавено кривично дело „поткуп при избори и гласање“. МВР информира дека од страна на СВР Тетово се работи на целосно расчистување на случајот.
Во Теарце денеска има силно полициско обезбедување, со цел да се овозможи непречено гласање.
Според невладината „Цивил“ вчера биле приведени две лица под сомнение дека вршеле паричен поткуп на гласачи. Од невладината информираат дека дошле до сознанија дека одредени лица, поткупувале гласачи со пари. Сумите се движеле од 3.000 до 6.000 денари, за возврат им биле земани личните карти како гаранција дека овие граѓани денеска нема да излезат на гласање.