55
Сомнителен коверт со експлозивен материјал во него бил откриен денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми бил адресиран до еден од претседателите на судот.
Откако бил откриен ковертот, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала целата зграда.
Како што соопштија од грчката полиција, при рендгенска проверка на ковертот било утврдено дека содржи експлозивен материјал.
Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на ковертот, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала.
Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.