Во судница дојде сопругата на Јанакиески, а тој не беше спроведен од „Шутка“

by fokus

Екс министерот Миле Јанакиески денеска не беше спроведен на рочиште за случајот „Топлик“ во Кривичниот суд. Тој е во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Од притвор не беше донесен ниту обвинетиот Димитар Димовски.

Во судница се појави сопругата на Јанакиески, кој не беше донесен, иако според судијата Осман Шабани поканата била испратена до затворот.

Во судница фалеше и една од поротничките, која се уште е на боледување.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

В.В.

Поврзани новости