68
Патнички воз утринава се судри со камион на премин во источна Чешка, при што загина машиновозачот, соопштија полицијата и од железничката компанија.
Од околу 35 патници во возот, повеќе од 10 се повредени во несреќата, во која локомотивата и еден вагон излетале од шините. Оштетени се и надземните водови.
Возот се движел од границата со Полска кон Прага, кога несреќата се случила на раскрсница во близина на селото Долни Лутинче.
Засега не е јасно како дошло до судирот на раскрсницата каде што има бариери за блокирање на патниот сообраќај.
Чешките железници соопштија дека ќе биде потребен цел ден за да се санираат оштетувањата на дел од пругата.