Утрово црн чад се крена над студентскиот дом „Кузман Јосифоски-Питу“, што го навлече револтот на скопјани.
Претседателот на Државниот студентски центар „Скопје“, Дарио Николовски, информираше за причините поради кои се појавила таа глетка.
„Го исклучувавме системот на мазут и на крај испушти црн чад. Додека да се спроведе целосно постапката за поставување на централното, од владата добивме 80 илјади литри екстра лесно и ќе се грееме со тоа. Во моментот кога ќе заврши зафатот, ќе бидеме конечно на гас. Се работи за три проекти. Освен тоа што се греевме на мазут и кујната ни беше на мазут, и затоплувањето на санитарната вода со која што се тушираат студентите ни беше на мазут. Заврши ревизијата, наредната седмица се пушта јавниот повик и останува само да се спроведе“, истакна Николоски за „Фокус“.
Ј.Ц.