Во Струмица, мигранти проселе во двор на училиште

by Fokus

Полициски службеници од Полициската станица Струмица денеска, во 14.45 часот, на булевар „Маршал Тито” во Струмица, пронашле двајца мигранти од Мароко. Тие заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица.

Како што информира МВР, полицајците постапиле по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата, кој се спроведува на територија на целата држава.

Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Поврзани новости