426
Денес во Струмица ќе бидат поделени над 3.000 порции посен грав. Настанот се случува во рамките на карневалските свечености и е познат како чист понеделник, првиот ден од Велигденските пости.
Посниот грав се служи секоја година, традиционално на градскиот плоштад и редовно има илјадници присутни гости. Ручекот на отворено е во организација на Организациониот одбор на Струмички карневал.
Големиот казан во кој се приготвува гравот уште од раните утрински часови бил поставен на плоштадот во Струмица и биле ангажирани неколку готвачи.
В.К.