Во Струга и Гостивар се уапсени четири лица поврзани со тероризам, рече Тошковски

by Fokus

Четири лица за кои македонските власти имаат основано сомнение дека планирале да организираат настани со кои би ја загрозиле безбедноста на Македонија и на други држави, биле уапсени утринава во полициска акција која била спроведена во Струга и Гостивар, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој вели дека се извршени претреси на повеќе локации, а за инволвираните лица рече дека биле дел од терористички организации, кои во соработка со лица кои се надвор од државата, подолг временски период биле следени од надлежните безбедносни органи и оти за нив се постапувало во координација со меѓународните пријатели на земјава.

„ Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели“, рече Тошковски.

Сите четири лица се македонски државјани, а се очекува во текот на денот да бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Поврзани новости