369
Во Струга денеска е забележано нарушување на гласањето на референдумот на неколку гласачи.
Имено, од зграда во близина на избирачко место во Основното Школо „Браќа Миладиновци“ на улицата „Јован Стефаноски-Риле“, пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса на која биле неколку лица.
– Веднаш се преземени мерки и лицата се однесени во струшката Полициска станица и во координација со јавното обвинителство се работи на расчистување на случајот, рече денеска Ангеловски.