Во станот каде биле пронајдени пелени, пред 20 години вареле ракија во казан

by fokus

Во станот поради кој вчера попладне беше евакуирана цела зграда на булеварот Кузман Јосифовски Питу 15 во ТЦ„Скопјанка“ во скопската општина Аеродром, пред 20 години интевенирала Пожарната бидејќи сопствениците вареле ракија во него, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК

Станарите синоќа раскажаа дека со години имаат проблем со ова семејство.

„Во станот живеат мајка и ќерка. Мајката е стара околу 90 години, а ќерката е шеесет годишна. Проблеми со хигиената во нивниот стан имало секогаш, но никој не веруваше дека ќе дојде до ова. Ова не е прв пат Бригадата за противпожарна заштита да интервенира во овој стан. Пред дваесетина години ја викнавме Пожарната оти излегуваше чад од станот, мислевме дека избил пожар. Но кога влегоа, пожарникарите констатираа дека мажот на ќерката кој сега е починат, ставил казан во станот и вари ракија“, велат станари кои живеат во зградата за СДК.

Поврзани новости