Во Средоземното море спасени 117 мигранти

by Fokus
Foto: Rojters

Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море.

Бродот испловил од Либија, а со него се превезувале мигранти од Етритреја, Судан и Либија. Помеѓу патниците имало и 25 жени и едно тригодишно момче.

Спасувачката мисија е извршена во меѓународни води на десетици километри од брегот на Либија.

Сите патници добивале медицинска проценка на бродот Open Arms, соопшти добротворната организација, без да даде повеќе детали за тоа каде ќе бидат однесени.

фото: Ројтерс

Поврзани новости