284
На 1 ноември 2023 година (среда) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи 19-та седница на Советот за безбедност, информираа од Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Според информациите, на дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.