536
Во Србија досега се дадени вкупно 4.424.791 дози вакцини против коронавирус, а 1.962.348 лица ги примиле двете дози.
Вкупниот број на граѓани кои ја примиле првата доза и оние кои ги примиле двете дози е 2.462.443.
Српските граѓани можат да изберат помеѓу четири вакцини и тоа вакцината на „Фајзер / Бионтек“, „Астразенека“, „Синофарм“ и руската вакцина „спутник В“, чие производство беше одобрено минатата недела во Институтот „Торлак“ во Србија.
Вчера во Србија се тестирани 9.986 лица, а потврдени се 326 нови случаи. Починаа 12 лица.