Во Србија приведен маж кој ширел паника, и се заканил на продавачка дека ќе ја зарази со корона вирусот

by fokus

Српската полиција приведе 25-годишен маж од Књажевац, откако во една продавница на продавачката и кажал дека доаѓа од Италија и дека ќе ги зарази со корона вирус, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тој се товари за кривично дело предизвикување паника и нереди.

Судија по претходна постапка му изрече притвор во траење од 30 дена.

Поврзани новости