Во Србија пристигнуваат 40.000 вакцини од Фајзер

by Fokus

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека повеќе од 40.000 вакцини од Фајзер ќе пристигнат денеска во Србија, а дека вакцината од АстраЗенекa се очекува да пристигне до крајот на неделава.

-Има доволно вакцини и ќе ги има за сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат, рече таа, додавајќи дека 11 проценти од возрасните граѓани ја примиле првата доза на вакцина досега, а скоро три проценти втората и дека се очекува до крајот на февруари околу 20 проценти од возрасните граѓани да ја добијат барем првата доза на вакцина.

Брнабиќ најави дека освен вчерашните над 4.000 вакцини, Србија за две недели ќе и даде нови 4.000 вакцини на Северна Македонија. Таа рече дека солидарноста е најважна сега и дека Србија ќе им помогне на сите на кои може да им помогне.

Поврзани новости