706
Едно бебе починало како последица на зараза од корона вирус на Детската клиника во Белград, пренесуваат српските медиуми.
-За жал, првото бебе кое го примивме кога имаше само десет дена, почина минатата недела по речиси шест недели борба за неговиот живот на клиниката, изјавила лекарката Снежана Рсовац.
Таа додала дека на клиниката се сместени уште две бебиња заразени со корона, но дека нивната состојба засега е добра.
-Бебе од еден месец се наоѓа на интензивна нега, а другото бебе успеа да се опорави иако беше на респиратор. Сите останати деца клиниката се добро, а намален е и бројот на приеми на заразени деца, додала лекарката.