Во Србија најмногу луѓе вложиле во криптовалути во однос на регионот

by Fokus

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во Адрија-регионот по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот Блумберг Адрија, повикувајќи се на анализата на компанијата TripleA.

Според таа анализа, инвеститорите во криптовалути сочинуваат 1,9 отсто од населението во Србија, додека на второ место се жителите на Словенија, кои се 1,7 отсто од вкупното население.

Во Хрватска криптовалути поседуваат 1,6 отсто од населението, 1,4 отсто во Босна и Херцеговина, а 1,3 отсто од населението во Македонија инвестирало во виртуелни пари, покажуваат податоците на TripleA објавени од Блумберг Адриа.

Поврзани новости