782
Во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача граѓаните да примат и четврта доза од вакцината против коронавирус, соопшти српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ.
-Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем, вели српскиот епидемиологот.
Во Србија според Тиодоровиќ се очекува да продолжи трендот на намалување на бројот на новозаболени, а Кризниот штаб планира да воведе целодневни ковид пропусници.