Во Србија, Косово, Албанија и Црна Гора без ПЦР-тест, ако патувањето е неопходно

by Фокус

Премиерот Зоран Заев рече дека Владата утре на својата редовна седница ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за отварање на границите со Србија, Косово, Црна Гора и Албанија без ПЦР-тестови, но, како што нагласи, тоа ќе биде дозволено само ако е неопходно.

-Станува збор за регионална иницијатива, бидејќи горе-доле бројките се исти. Го чекаме уште одговорот од Србија и Бугарија, а утре ќе одлучуваме на редовната седница на Влада. Без ПЦР-тест ќе се поминува границата ама ако е најнеопходно, бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно – рече Заев.

Поврзани новости