755
Премиерот Зоран Заев рече дека Владата утре на својата редовна седница ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за отварање на границите со Србија, Косово, Црна Гора и Албанија без ПЦР-тестови, но, како што нагласи, тоа ќе биде дозволено само ако е неопходно.
-Станува збор за регионална иницијатива, бидејќи горе-доле бројките се исти. Го чекаме уште одговорот од Србија и Бугарија, а утре ќе одлучуваме на редовната седница на Влада. Без ПЦР-тест ќе се поминува границата ама ако е најнеопходно, бидејќи и од дома излегуваме само ако е неопходно – рече Заев.