Во Србија аплицирани се 4.965.448 дози вакцина против коронавирус, а двете дози ги примиле 2.305.612 лица.
Премиерката, Ана Брнабиќ, изјави дека целосно олеснување на мерките ќе има кога ќе бидат вакцинирани 60 проценти од граѓаните.
-Стагнираме во бројот на вакцинирани и сè уште сме на 48 проценти, но сè додека не достигнеме некои 60 проценти, нема отстапки, бидејќи се плашам дека коронавирусот ќе се врати, рече таа.
Како што беше претходно најавено, потребно е да бидат вакцинирани уште 340.000 луѓе за да се постигне целта од 50 проценти од оние над 18 години кои примиле барем една доза на вакцина.
Кризниот штаб на Владата на Србија и премиеркатапретходно истакнаа дека крајниот рок за постигнување на таа цел е 21 јуни, по што мерките може да бидат олабавени.