Во Србија досега починале најмалку 13 лекари, тврди Српски синдикат

by Fokus

Од епидемијата на новиот корона вирус во Србија досега се починати 13 здравствени работници, изјави за порталот Нова.рс, претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти, Раде Паниќ.

Дополнително, починат е уште еден пензиониран лекар.

„Што се однесува до бројот на заразени здравствени работници, немаме никаква можност да ја видиме евиденцијата. Последно што го имам слушнато е за бројка од околу 650. Што се однесува за бројот на починати лекари, има 14 потврдени: 12 лекари и еден стоматолог со активен работен однос, како и еден кој бил пензионер и штитеник на дом за стари лица“,- изјавил Паниќ.

Тој нагласува дека тие 13 се сигурни, но и дека се убедени оти има повеќе што не успеале да ги евидентираат.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости