459
Според официјалните податоци, во последните 24 часа од корона вирусот во Србија починале уште 10 лица, со што вкупниот број на жртви е 16.239, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.
Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 16.311 лица за корона вирус, од кои 6.102 се позитивни.
На вентилатори се 18 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 525 лица.
Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 2.101.168 случаи на заразени.