Во Србија 5.774 нови заразени со корона вирусот и 28 починати

by fokus

Во последните 24 часа биле потврдени 5.774 нови случаи на коронавирус во Србија, а 28 од заразените починале.

Според новите податоци на Министерството за здравство на Србија, 209 пациенти кои се хоспитализирани во болниците се на респиратори.

Вкупно 116.125 лица се заразени во Србија од почетокот на епидемијата, од кои 1.168 починале. Процентот на смртност е 1,33 отсто.

Поврзани новости