Во Србија 25 пријави од училишта каде деца го имитирале Коста

by fokus

По масовното пукање во училиштето, кога ученик  уби осум врсници и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, како и по масакрот во Младеновац, кога Урош Б. (21) уби осум лица, инциденти продолжија да ја вознемируваат српската јавноста. Поединци, најчесто деца, го величат масакрот и најавуваат дека ќе ги направат истите монструозни злосторства. За само пет дена полицијата приведе десетици малолетници поради најопасните закани кои ги упатија јавно, пишува српски Блиц.

Во време кога граѓаните се борат со болката и загубата на 17 граѓани кои трагично ги загубија животите, се појавуваат вести кои дополнително ја вознемируваат јавноста – секојдневно сме сведоци на случаи на апсења на луѓе кои се потсмеваат на трагедии, ги величаат и најавуваат нови.

Меѓу уапсените од полицијата или приведените на информативен разговор има и деца, што е детаљ што дополнително вклучува црвен аларм во нашето општество. За само еден ден полицијата добила дури 25 пријави од училиштата. Денеска пристигнаа две пријави од Нов Белград, каде на информативен разговор беа донесени ученици кои со прсти имитираа пиштоли и го имитираа ученикот убиец од ОУ „Владислав Рибникар“.

– Полицијата добила 25 пријави од училишта, во кои се наведува дека некои ученици имитираат момче-убиец и симулираат пукање, убивање, правење списоци со имињата на децата што наводно ќе ги убијат. Полицијата веднаш постапувала по секоја пријава. Утврдено е дека во секој случај се работи за несолена, бизарна шега. Во неколку ситуации полицијата извршила разговори со деца и родители, а во неколку ситуации привремено, превентивно, со закон е одземено оружјето кое е легално во сопственост на семејствата на момчињата кои се актери на недолични шеги, вели изворот на „Блиц“.

Поврзани новости