Во Србија 13-годишник со секира нападнал мајка и син

by fokus

13-годишник од српското село Родоево ноќеска со секира и нож нападнал мајка (57)  и син (17), по што двајцата се пренесени во болница. 17-годишното момче е во живото-загрозувачка состојба.

Мајката има повреди на главата, а синот освен повреди на главата од секира, има и убодни рани во градниот кош.

Како што неофицијално дознава „Блиц“, младиот М.С.(17) бил пронајден на улица со убодни рани на стомакот, откако тргнал да бара помош. Со повреди на главата во куќата била пронајдена неговата мајка В.С.

-Со секира биле нападнати од А.Л.(13) од Радоево. Во Ургентниот центар на болницата Зрењанин кај мајката и синот се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот – вели изворот на „Блиц“.

Родителите на момчето напаѓач се приведени и се товарат за запуштање и злоставување на малолетник.

Поврзани новости