Специјалната полиција на Хрватска утрово интервенираше на улицата Сукоишанска, недалеку од Младинскиот парк каде се одржува фестивалот на електронската музика „Ултра“ во Сплит, по добиена дојава од граѓани дека има човек кој се заканува со бомба.
Недалеку од младинскиот парк околу 9.30 часот маж се шетал околу зградата и викал дека има бомба, по што луѓето повикале полиција, јавија хрватските медиуми.
До доаѓањето на полицијата, човекот веќе се заклучил во својот стан. Тој бил внатре со друго лице.
Преговорите траеле извесно време, а потоа мажот го напуштил станот за да не мора полицијата да ја скрши вратата.
Го однеле во болница на преглед.
Празното тело од бомбата без експлозивното полнење го предал на полицијата. Полицијата прави претрес во станот и возилото.