Во Сплит евакуиран дом за стари лица поради сомнеж дека има заразени со Ковид-19

by Fokus

Во текот на минатата ноќ поради корона вирусот беше евакуиран Дом за стари и изнемоштени во Сплит, пишуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, постои сомнеж дека едно лице е позитивно на вирусот Ковид-19, но некои тамошни медиуми пренесоа дека има заразени на цел кат кои останале во старачкиот дом.

Засега информацијата ја потврдил градоначалникот Блаженко Бобан за Далмација Данас, но најави дека во текот на денот ќе излезат со официјален извештај.

Епидемиолозите се на терен и интензивно ги проверуваат контактите на сите лица кај кои се сомневаат на зараза од коронавирусот.

Поради епидемијата Домовите за стари во Хрватска практично се „под клуч“ уште од март и не се дозволени посети.

Поврзани новости