Во сообраќајна несреќа загина 20-годишен мотоциклист од Кавадарци

by Fokus

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци, потврдија од МВР.

„Утрово во 01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Кавадарци, патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(18) од Кавадарци и мотоцикл „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.П.(20) од Кавадарци. Во несреќата мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 02.20 часот починал“ информираа од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци.

 

Поврзани новости