0
На 11.03.2025 во 15.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(58) од гостиварско Неготино и патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.С. (35) од гостиварско Дебреше.
Во несреќата, И.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани на Ургентен центар Гостивар.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.