1
МВР информира дека вчера попладне во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У.(56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.
Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.