Американскиот актер и комичар Лесли Џордан почина на 67-годишна возраст, потврди неговиот агент.
Актерот, познат по улогите во сериите „Вил и Грејс“ и „Американска хорор приказна“, загина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во понеделникот наутро, на 24 октомври, објавија американските медиуми.
Неговиот автомобил удрил во една зграда и лекарите констатирале смрт на местото на настанот, изјави полицијата за Лос Анџелес Тајмс.
Со неговото заминување светот стана „помрачно место“, рече неговиот публицист.
-Не само што беше мегаталентиран и задоволство да се работи со него, туку и обезбеди емотивно засолниште за нацијата во некои од нејзините најтешки моменти.
Знаејќи дека го напушти светот на врвот на неговиот професионален и личен живот е единствената утеха што можеме да ја имаме денес, изјави Дејвид Шаул.
Џордан е роден во 1955 година во Чатануга, Тенеси, многу конзервативна држава.
Имал 12 години кога и кажал на мајка си дека е геј.
Светска слава стекна играјќи ја Беверли Лесли во американскиот ситком Вил и Грејс.
За таа улога во 2006 година ја доби наградата Еми.
За време на пандемијата на Ковид-19, тој го најде патот до помладата публика благодарение на социјалните мрежи, објавувајќи секојдневно додека беше во карантин во стан во неговиот роден град Чатануга.
Тој објавуваше содржини двапати дневно, а бројот на следбеници на неговиот Инстаграм профил достигна 5,8 милиони.
Во тие објави тој се навраќаше на сопствениот живот и коментираше за поп музиката и даваше совети како да се добие танцова рутина.