Во сообраќајка загина 27-годишен охриѓанец

by fokus

Дваесет и седумгодишен маж го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум.

Според информациите од СВР – Охрид, информацијата за несреќата била дојавена до полицијата попладнево околу 14 часот, за настаната сообрајна несреќа на крстосницата кај населбата Рача.

До несреќата дошло при судар на патничко моторно возило мазда со охридски регистарски ознаки управуванo од Д.Н. од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц. од Охрид.

Притоа на лице место загинал моторциклист, а смртта ја констатирал лекар од охридската Служба за итна медицинска помош.

Поврзани новости