297
Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун, при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница.
Како што пишуваат медиумите од Грција, несреќата се случила околу 8.15 часот утрово, а во возилото се превезувал брачен пар на возраст од 48 и 50 години и нивните две малолетни деца на 11 и 15 години.
Автомобилот излетал од патот и се превртил, а во сообраќајката не учествувале други возила.
Информациите се дека десет пожарникари со шест возила интервенирале за мажот да биде извлечен од превртеното возило, по што тој бил пренесен во болница.